Во 90-тите години на минатиот век голем дел од ИТ индустријата вперил поглед во феноменот интернет и неговата иднина. Во тоа време има мноштво различни прогнози и очекувања што ќе се случи со глобалната мрежа. Една од најточните од нив како да е на основачот на Apple Стив Џобс.
Во интервју за списанието Wired дадено во февруари 1996 година, Џобс покажува дека веќе има изградено идеја за интернетот. “Кој мислите дека има најголема корист од интернет? Кој заработува најмногу? Оној кој има што да продава! Тоа е маркетинг. Луѓето ќе престанат да одат до многу од продавниците и ќе купуваат преку интернет”, вели Џобс.
Тој наведува дека глобалната мрежа ќе им помогне на помалите компании. “На интернет и малата компанија може да изгледа како голема и да е достапна, што е и најголемата компанија во интернет. Покрај тоа големите компании трошат стотици милиони долари да градат дистрибутивни мрежи, а мрежата ќе ја неутрализира таа предност”, вели Џобс.
Основачот на Apple го задржува и најреалниот став. “Интернетот нема да го промени светот, барем не во наредните 10 години. Тој ќе биде прилог на светот … Тој нема да ги освои сите. Ако мрежата се користи за продажба на 10% од производите и услугите во земјата, ќе биде феноменално. Мислам дека во еден момент ќе стане многу повеќе. Конечно ќе се претвори во сериозен дел од економијата “, коментира Џобс. Конечно тој резимира дека “срцето на интернет ќе е трговијата, а срцето на трговијата ќе е корпоративна Америка, која нуди сопствени производи на одделните клиенти “.