Годишната инфлација во Украина е највисока во светот 272 отсто, ако се пресмета девизниот курс на гривната. Ова го соопшти Washington Post, кој се повикува на истражувањето на професор Стив Ханке од универзитетот “Џон Хопкинс”. Експертот тврди дека хиперинфлацијата во Украина достигна 64 проценти минатиот месец, пренесе УНИАН.

Како што забележува WP, според официјалните податоци на Киев, гривната за една година ја загуби вредноста за 28,5 проценти. Но Стив Ханке објаснува дека при ситуација кога националната валута ја игнорира забрзана динамика локалната статистика не успева навреме да се освежи и на тој начин населението на Украина е дезинформирано.
Реалниот раст на инфлацијата е 10 пати поголем од официјалниот, или 272 отсто, ако се користи и провери во текот на годините на економска теорија за мерење, поскапување, т.е движењата на девизниот курс, кој во моментов на црниот пазар е 33,78 гривни за долар, објаснува проф. Ханке.
И ова е само почеток, бидејќи ситуацијата во Украина ќе продолжи да се влошува. Земјата веќе нема долари, за да ја поддржува својата валута, додава тој.
“Хиперинфлација секогаш и секаде и политичка појава. Таа се случува по војни и револуции, кога владите се принудени да печатат пари, бидејќи нема што повеќе да оданочуваат. Токму тоа се случи во Украина”, се вели во публикацијата во WP .
Според податоците на професорот, во споредба со 1991 година ситуацијата во украинската економија е влошена, “бидејќи комунизмот таму не е исчезнат”.
“Само на промена на партиските шефови дојдоа олигарсите, но корупцијата и неефикасноста си останаа исти, а уделот на сивата економија, по оценка на ММФ е 50 отсто од БДП на Украина. А сега, поради војната со Русиј најголемиота трговски партнер на Украина, земјата ги губи и последните трошки кои и беа останати “, се истакнува во публикацијата во WP.