Стивен Хокинг: Должни сме да направиме голем скок во вселената

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Човештвото има технолошки средства, за да испрати вселенски брод до најблиските ѕвезди, затоа е должен да го направи овој скок во вселената.4761804

Ова го изјави денеска на прес-конференција во Њујорк, која се пренесуваше во живо на сајтот space.com, познатиот британскиот космолог и астрофизичар Стивен Хокинг. Денес, 12 април, во Денот на космонаутиката Хокинг и рускиот бизнисмен Јури Милнер го најавија почетокот на проектот Breakthrough Starshot, целта на кој ќе биде да се испрати наноробот кон ѕвездениот систем Алфа Кентавер.

“Земјата – е одлично место, но тоа не може да трае вечно, порано или подоцна ќе треба да се свртиме кон ѕвездите. Breakthrough Starshot е возбудлив прв чекор во тоа патување”, изјави Хокинг. “Границата на нашите можности, со кои се соочуваме во моментов – тоа е голема празнина меѓу нас и ѕвездите. Но, сега можеме да ја надминеме со помош на ласерски зраци, сончевите панели и најлесните за изградба досега вселенски бродови. Денес ние сме должни да го направиме овој голем скок во вселената, бидејќи сме луѓе и за нас е предодредено да летаме “, рече Хокинг при претставувањето на проектот.

Според научникот, токму способноста да се преминат границите на своите способности го прави човекот уникатен. А тој го постигнува тоа со помош на умот и машините. ”

Постојат многу теории за тоа што го прави човекот уникатен. Некои велат дека тоа е јазикот или инструментите, други – логично размислување … Јас сметам дека уникатни нè прави тоа дека излегуваме надвор од рамките на своите можности. Гравитацијата нè држи приковани кон земјата. Како одиме подалеку овие граници? – со помош на нашите умови и машините “, рече Хокинг.