Стивен Хокинг и руски милијардер ќе бараат живот во универзумот

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Стивен Хокинг и рускиот милијардер Јури Милнер најавија започнување на нова иницијатива за испитување на вселената.Проектот предвидува да бидат создадени нано вселенски апарати, кои ќе патуваат со брзина од 20 проценти од онаа на брзината на светлината.

20160412.mwgevqnmbp

Тие ќе бидат опремени со камери и комуникациски систем и испратени до најблискиот ѕвезден систем Алфа Кентавур.
Проект “Брејктру Старшот” ќе се финансира и од Јури Милнер кој ќе даде 100 милиони долари за истражување и креирање на наноапаратите. Раководител на проектот е Пит Уордан, поранешен директор на вселенскиот центар “Ејмс” на НАСА.

Целта е наноапаратите да бидат истрелани во орбитата со помош на поголемо леталото. Потоа секој од нив ќе биде истрелан одделно.

Наноапаратите треба да пристигнат до Алфа Кентавур по 20-годишно патување во вселената. Ќе можат да испраќаат слики назад на земјата во рок од четири години.

9948

Системот Алфа Кентавур исто така не е избран случајно – тој се наоѓа на 25 трилиони милји од Земјата и е еден од системите, погодни за живот.

“Алберт Ајнштајн некогаш сонуваше да се прошета со зрак светлина и тој сон го однесе до Теоријата на релативноста. Малку повеќе од еден век подоцна имаме можност да достигнеме дел од брзината на светлината – 100 милиони милји за еден час. Само со оваа брзина можеме да достигнеме ѕвездите во рамките на еден човечки живот “, пишува Стивен Хокинг на официјалната” Фејсбук “страница.

Друг член на бордот на директори на проект “Брејктру Старшот” е креаторот на социјалната мрежа “Фејсбук” Марк Цукерберг.