Колонизација на Марс од луѓето ќе се случи во следните 100 години, изјави во интервју парализираниот британски научник Стивен Хокинг, кој се надева наскоро дека ќе лета во вселената.
Тој даде интервју на дописникот на ТАСС во Лондон Игор Броварник. Хокинг е сметан за еден од најпознатите и највлијателни физичари теоретичари на нашето време. Според него апсорпцијата на Марс е многу интересна задача во споредба со Месечината, иако таа се наоѓа само на три дена лет од Земјата.
“Не се сомневам дека во следните 100 години луѓето ќе живеат на Марс. За да се случи ова, ни требаат инвестиции, кои би ни дозволиле да ги подобриме нашите познавања како да се преживее во услови на вселенската радијација и од негативните промени на човечкиот организам, како да се бориме со недостатокот на животни важни ресурси надвор од границите на земјата ” , истакна професорот по гравитациона физика на Кембриџ Универзитетот.
Стивен Хокинг изјави исто така дека се надева дека наскоро ќе лета во вселената. “Веројатно ќе имам шанса да летнам во вселената со” Вирџин галаксија “(Virgin Galactic)”, изјави научникот.
Познато е дека тој е врзан за инвалидска количка поради тешка и неизлечива болест, со која се бори од почетокот на 60-тите години – амиотрофична латерална склероза, која доведува до парализа и атрофија на мускулите. Денес физичарот комуницира со надворешниот свет преку единствениот мускул кој му е активен- на образот. Од него посебен сензор сигнализира на компјутерски синтетизатор на говор.