Стивен Хокинг: Вештачкиот интелект ќе го убие ли човештвото, или ќе го спаси!?

од Vladimir Zorba
63 прегледи

image_5826792_126
Со негова помош може да ги уништиме болестите и сиромаштијата, но “развојот на вештачката интелигенција може да се покаже најопасното или најкорисното нешто за човештвото. Се уште не знаеме што ќе се случи. “Ова го изјави познатиот британски научник Стивен Хокинг на отворањето на центарот” Ливрхјум “на Кембриџ Универзитетот.

“Ние поминуваме многу време во проучување на историјата, што, нека е чесно, во повеќето случаи претставува историја на глупоста. Па тоа е добра промена – луѓето сакаат да го изучуваат тоа наместо иднината на интелектот “, рече Хокинг.

“Потенцијалните придобивки од формирањето на интелигенцијата се огромни. Со алатките обезбедени од оваа технолошка револуција, ние ќе можеме да исправиме некои од штетата нанесена на природната средина од последната слична револуција – индустриската.

И, се разбира, ќе се обидеме целосно да ги уништиме болестите и сиромаштијата. Секој аспект на нашиот живот ќе биде трансформиран. Накратко кажано, успехот во создавањето на вештачка интелигенција ќе е најголемиот настан во животот на нашата цивилизација.

Но, тоа исто така може да биде нашиот последен момент, освен ако не се научиме да ги избегнуваме ризиците. Вештачкиот интелект ќе донесе и опасности како моќни автономни оружја или нови начини малкумина да го потиснат мнозинството.

Покрај тоа, тој ќе има големо влијание и на нашата економија. Во иднина вештачкиот интелект може да развие своја сопствена волја, која да е во конфликт со желбите на човештвото.

Вештачиот интелект можеби ќе енајдобро, или најлошото нешто што ќе му се случи на човештвото, и се уште не знаеме кое од двете ќе се случи “, е заклучокот на Стивен Хокинг.