🎥 Стјуардесата со најдолг стаж почина на 88 години: „Летај високо Бет„

од Илинка Илиоска
376 прегледи

Бет Неш, стјуардесата со најдолг стаж во светот, почина на 88-годишна возраст по речиси 70 години служба во воздухопловството. Веста на Х, ја објави команијата Американ ерлајнс изразувајќи жалење за нејзината смрт.

„Таа започна во 1957 година и го држеше Гинисовиот рекорд за стјуардеса со најдолг стаж. Бет инспирираше генерации стјуардеси. Летај високо, Бети“, велат од авиокомпанијата.

Неш ја започна својата кариера на 21-годишна возраст со Eastern Airlines, работејќи на нејзиниот шатл-лет помеѓу Вашингтон, каде што живееше, и Бостон. Ја претпочитала рутата бидејќи и дозволувала секоја вечер да ја поминува дома, пенесе Би-би-си.

Таа имала намера да продолжи понатаму по неколку години, но на крајот останала, што станала позната глетка за честите патници на рутата долго откако била преземена од Американ Ерлајнс. Таа никогаш официјално не се повлече од својата функција.

„Луѓето се сосема исти“, изјави таа за американскиот партнер на Би-би-си, CBS News во 2017 година. „На сите им треба малку љубов“.

Според други американски медиуми, таа починала на 17 мај во хоспис, откако неодамна и бил дијагностициран рак на дојка. Здружението на професионални стјуарди, синдикатот кој ја претставуваше  Неш, изјави за CBS дека тахува поради нејзината смрт.

„Нашите мисли се со нејзиното семејство и пријателите во овој тежок период. Бет секогаш ќе биде составен дел од нашата историја и нема да биде заборавена“.

Слични содржини