Стоилковиќ го поддржува референдумот за поништување на Договорот со Бугарија

од Nikola Popovski
187 прегледи

Пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Иван Стоилковиќ најави поддршка за референдумот за уривање на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

-Оние што тврдат дека е глупаво прашањето за распишувањето на референдумот без оглед на нивното образование би требало да знаат дека подобро е Собранието да распише референдум за закон кој е донесен во Собранието (Закон за ратификација на договорот со Бугарија) отколку за било која друга импровизација која би се однесувала на акти кои не ги донело Собранието, напиша меѓу другото Стоилковиќ на социјалните мрежи, во образложението зошто го поддржува ваквиот тим на референдум.

 

Слични содржини