Негово право е, еве ќе речам и добро е што заминал на одмор. И изборот на дестинацијата не е спорен, ниту пак проблематичен. Но тоа што е спорно е лицемерието на Димитар Апасиев, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање за одморот на Апасиев.
Стоилковски нагласи дека Апасиев е лицемерен и дека тоа е во фокусот на јавноста „бидејќи од партијата Левица постојано нагласувале дека 65 проценти од населението не може да замине на одмор ниту во Македонија поради сиромаштијата“.
Заминува на одмор во луксузно летувалиште, додека над 65 проценти, според соопштение на Левица неговата партија, не може да заминат на одмор ниту во Македонија. И спорно е тоа што Апасиев не е прв пат лицемерен. На пример овој луксузен одмор може да го плати со уживањето со платата покачена за 78%. Или на пример со користење на службен луксузен автомобил со возач, наспроти приказните за скромен половен семеен автомобил, рече тој.
Пред два дена повеќе интернет портали утрово објавија фотографија на која тврдат дека е забележан Димитар Апасиев како чека ред за летот до Хургада, Египет.