Стоилковски: Богоев купил имот на Беровско езеро со маркица за хотел, ова ли е цената за побугарчувањето?

од Stefanija Kuzmanovska
166 прегледи

На шиткачите на семакедонското од СДС им е смешно што голтарот Стефан Богоев од политика замина како хотелиер, купувајќи огромен имот со маркица за хотел на брегот на Беровско езеро по „багателна“ цена, па на скандалот одговараат со политички досетки, модерно наречени „хехенца“, наведува во Фејсбук статус Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Гледам и тазе хотелиерот -миленик на Боки и прв потписник на рекетарскиот дил одговара на ист начин.

Веројатно се надеваат на заштита од ДУИ заради отстапување на државата.

Ова ли е цената за побугарчувањето бе Богац, а синко; За пусти пари?

Народ нема леб да јаде тој хотели гради од политика?

Ајде на ТВ ако ти држат аргументите, таман да има материјал за идно обвинителство!

Веројатно и за скорите парламентарни избори“, додава Стоилковски.

Слични содржини