227
„Златко Марин, човекот кој што ветуваше крај на урбаниот хаос, а наместо 10.000 засадени нови дрва како што ветуваше, 10 илјади нови станбени единици насади, ветува сега ни повеќе ниту помалку туку градба на ГОЛФ ТЕРЕНИ во село Лисиче, руралниот дел на Општина Аеродром, вредни 2 милиони и 500 илјади евра!“, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Уште еднаш – голф терени во село Лисиче, Аеродром! Недостасува само уште да каже дека можеби планира голф терените да ги отвори Тајгер Вудс, легендата на светскиот голф! Вакво подигрување со интелигенцијата на жителите на Аеродром, особено со лисичани, е безобразно и понижувачки“, смета тој.