Режимот на СДСМ и ДУИ пресуди над 200 години затвор поради изјавата на Александар Василевски-Нинџа, а тој ќе шета слободен на улиците, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој посочи дека Нинџа е помилуван од претседателот Пендаровски по предлог на министерот Маричиќ и премиерот Заев.
„Изјавите на Нинџа беа клучен и наводно несоборлив доказ за Обвинителството и за судот за спроведување политички прогон. И тоа беше улогата, но и употребната вредност на Александар Василевски-Нинџа. Луѓе се затворени над 200 години затвор врз основа на изјава на Нинџа, крунскиот сведок за политичките кариери на Русковска и Кацарска, а Нинџа осуден за тероризам е на чекор до ослободување“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додава дека Василевски има најмала пресуда и постојано користи и право на викенди.