366
„Здружението на новинарите на Македонија бара градоначалникот на Аеродром, Златко Марин и општинскиот Совет воден од СДСМ ВЕДНАШ да го поништат објавениот оглас за награди од 180.000 денари за новинарски прилози во кои што ќе ги фалат!“, вели денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Најстарото еснафското здружение на новинарите во Македонија, го потврди тоа што го откривме – распишаниот Оглас во кој што се нудат пари, награди, во кој што се нуди поткуп за новинари и за медиуми два месеци да ја фалат стратегијата и успесите на СДСМ на локално ниво, односно на најнеуспешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин – е КОРУПЦИЈА!“, посочува Стоилковски