Стоилковски тврди дека уште еден затвореник избегал од „Шутка“

од Nikola Popovski
143 прегледи

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска обвини дека се случило уште едно бегство на затвореник од затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари.

-Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево.  И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение“.

Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на пет месеци пред истек на казната, порача Стоилковски.

Тој повтори дека пред само две недели од „Шутка“ избегал затвореникот Нафи Абдиовски.

Слични содржини