Стоилковски за ревизијата на судските случаи: Во нормална држава тоа би требало да е работа на обвинители и судски органи

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски запрашан за коментар за ревизија на судските случаи, што е дел од договорот помеѓу владејачката СДСМ и Алтернатива, посочи дека „во нормална држава тоа би требало да биде работа на обвинители и судски органи.

„Што се однесува до прашањето за договорените ревизии на судските случаи, тоа во нормална држава би требало да е работа на обвинители и судски органи. За жал се додека на маса се збори за овие работи, а не во судница, имаме такви епизоди какви што сведочиме“, посочи Стоилковски.

„Јавноста не треба да наседнува на фолклорот на СДСМ и Алтернатива. Тоа е само завесата со којашто тие упорно манипулираат со чувствата на граѓаните, а зад таа завеса се функциите и министерствата кои што си ги делат и коишто им носат приходи. Секогаш кога се одвива некаква кражба тие ја вртат темата кон националната реторика, судските случаи, и јавноста не треба да наседнува повеќе на веќе видени епизоди“, заклучи Стоилковски.

Слични содржини