Сега веќе пензионираниот македонски политичар Стојан Андов за РСЕ вели дека решението за актуелната политичка криза секако ќе дојде преку дијалог, ако не на оваа, на некоја од наредните средби. Тој е категоричен дека излезот е оставка на премиерот Никола Груевски, па дури и негово евентуално повлекување од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тој е кризата. Тоа е решение да се отворат можностите за да се исправат работите. Тој сега на сè се противи, сè што треба да се поправи, тој се противи. Неговиот политички став ако го следите и денеска е како да нема криза во Македонија, туку дека има пуч и тоа многу смета, штети и за државата и за народот и за неговата партија е голема штета“, вели Андов.
Повеќе ТУКА
