Стојаноски: Преку глава му е на овој чесен народ да оди на работа за плата и да гледа како луѓе влегуваат во политиката како голтари, а стануваат милионери

од Milan1
147 прегледи

Она кое е огрешено а има многу индиции и директни прекршувања на закон треба да е санкционирано и тука нема да има толеранција кон никого. Преку глава му е на овој чесен народ да оди на работа за плата и да гледа како луѓе влегуваат во политиката како голтари, а стануваат милионери“,  истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување на емисијата „За или Против“ на ТВ Алфа.

Стојановски тврди дека ќе бидат различни од претходната власт.

„За 8 дена направивме повеќе отколку тие за 7 години, тоа е јасно видливо и транспарентно. Сакаме да се соочиме со фактите и конечно добивме шанса да ја водиме оваа држава и да покажеме зошто треба да бидеме различни“, рече Стојановски.

Во однос на правосудството рече дека ВМРО-ДПМНЕ како власт ќе е отворена за соработка со нив и  дека секој оној што се огрешил треба да одговара.

„Сакаме да бидеме отворени кон правосудните органи, нашата соработка ќе биде отворена со нив бидејќи во изминатите 7 години во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ стигнаа без број индиции за сторен криминал. Она кое е огрешено а има многу индиции и директни прекршувања на закон треба да е санкционирано и тука нема да има толеранција кон никого. Преку глава му е на овој чесен народ да оди на работа за плата и да гледа како луѓе влегуваат во политиката како голтари, а стануваат милионери“,  истакна Стојаноски.

Слични содржини