Стојанов: Добро е што приватните болници се вклучија битката со Ковид 19, но факт е дека остварија и профит

215 прегледи

Во рамки на своето гостување на МТВ, Д-р. Александар Стојанов екс директор на Центарот за јавно здравје и специјалист епидемиолог, ги прокоментира мерките и даде свое видување во однос на справувањето со Ковди кризата.

„Мислам дека премногу го употребуваме зборот бран. Ова е еден циклус кој трае. Мерките носат резултати и тоа е јасно, но друго решение немаме во моментов. Скептични сме токму поради претстојните празници и да не ги заборавиме скијачките центри. Ризик е било каков вид на групирање. Уште на почетокот анализиравме и забранивме свадби и погреби, но и покрај апелите се функционираше. Секаде каде има субјекти треба да се интервенира, се треба да се затвори. Контролата е до оној момент кога луѓето ќе можат да имаат каде да отидат на лекар, ќе има тестови и ќе има болнички капацитети, иако ова е границата. Добро е што приватните болници се вклучија во оваа битка, но факт е дека остварија и профит“, вели Стојанов.