Стојановиќ: Пуштањето на АД ТЕЦ Неготино ќе ја чини државата помалку отколку увоз на електрична енергија

од Vladimir Zorba
526 прегледи

Пуштањето на АД ТЕЦ Неготино во процес на производство ќе ја чини државата помалку отколку увоз на електрична енергија, оценува во интервју за МИА, генералниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ.

Проценките се, појаснува, дека со моментната цена на мазутот која изнесува 36 ден/кг, производната цена на АД ТЕЦ Неготино ќе изнесува од 150 – 175 евра / мегаватчас, во зависност од тоа дали ќе работи со еден или два котла.

Владата на Република Северна Македонија даде согласност да се склучи договор за деловно-техничка соработка меѓу АД ЕСМ и АД ТЕЦ Неготино за набавка на мазут и производство на електрична енергија во периодот декември 2021 – април 2022 со можност за понатамошна соработка, доколку за тоа има потреба.

– За ТЕЦ Неготино, изработена е физибилити студијата за јавно-приватно партнерство и по внатрешните разговори во владата одлучено е TЕЦ Неготино да се припои кон АД ЕСМ и да функционира во иднина како дел од АД ЕСМ. АД ЕСМ треба да ги започне сите активности за гасифицирање на ТЕЦ Неготино во најбрз можен рок. Но, овој момент сите сме насочени исклучиво во борба и справување со состојбата за енергетска криза, како што е користење на целиот државен енергетски капацитет. Знаете дека е прогласена кризна состојба во енергетиката, така што врвен приоритет е добивање доволни количини на електрична енергија за домаќинствата и стопанството и избегнување на ценовни шокови. Не би можел во овој момент да знаеме или прогнозираме кога точно би се гасифицирала ТЕЦ Неготино, вели тој.

Слични содржини