„Бугари-татари“, „бугарски пи*ки“ и „цигани“ се слушаше од стадионот „Тодор Проески“ додека треше натпреварот помеѓу Северна Македонија и Бугарија кои играа во натпревар од Лигата на нации во Скопје.
Имињата на бугарските фудбалери беа гласно исвиркани, а потоа истото се случи и со химната на Бугарија.Следуваа грди скандирања упатени кон Бугарите кои дојдоа од целиот стадион.
Публиката се покажа како негостољубива кон бугарскиот тим и тоа ја отвори темата за тоа на кој начин говорт на омраза со оглед на односите меѓу двете земји би можел да влијаа во овие моменти додека земјата е под скрининг на ЕУ.
„На ниво на држава е важно да се донесат системски решенија базирани на општествен консензус, за што предуслов е практикување на владеење на правото“, вели во разгоорв за „Локално“, Филип Стојановски директор за партнерства и развој на ресурси во Фондацијата „Метаморфозис“.
-Исклучително е важно да се спроведува постоечката законска рамка, како и сите засегнати страни да се едуцираат за правните и општествените аспекти на проблемот, според стандардите на Советот на Европа и праксата на Европскиот суд за човекови права, за да може да се води конструктивен дијалог со цел надминување на проблемот на сите нивоа, појаснува тој.
Тој потенцира дека говорот на омраза е опфатен со нашиот Кривичен законик како кривично дело поврзано со промоција на ксенофобија, расизам и повикување на насилство врз основа на национална, расна и верска припадност, како и низа други основи.
-Дополнително ваквото општествено штетно однесување е опфатено со Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, кој опфаќа и одговорност на организаторите. Земајќи предвид дека досегашното повеќегодишно искуство на граѓанските организации и независните медиумски структури, како и меѓународните институции покажува дека неказнивоста е еден од главните фактори што овозможува виреење на говор на омраза, исклучително е важно надлежните институции – МВР и соодветните јавни обвинителства – во сите случаи во кои постои сомневање, да спроведат истраги и други дејствија пропишани со закон.Метаморфозис нема направено анализа со која се предвидуваат идните постапки на соседни земји во врска со овој случај и во овој момент не може да дадеме оценка за тоа што ќе направат во иднина засегнатите страни, посочува тој.
Стојановски појаснува дека намената на говор на омраза е да ги „наруши нормалните односи и во рамки на една заедница и во зависност од случајот“ додавајќи дека тоа може да биде и на меѓучовечко, локално, национално или меѓународно ниво.
-Не случајно оваа злоупотреба на правото на слободно изразување е дефинирана како кривично дело и во нашето законодавство и на ниво на Советот на Европа. До тие правни решенија е дојдено врз основа на искуствата од борбата против фашизмот во текот на ХХ век кои покажуваат дека говорот на омраза е прв чекор во циклус кој создава услови за злосторства од омраза, конфликти, војни и геноцид. Во денешни услови говорот на омраза се користи како оружје за попречување на демократскиот развој, чиј дел се процесите на европска интеграција.Исклучително е важно да се спроведува постоечката законска рамка, како и сите засегнати страни да се едуцираат за правните и општествените аспекти на проблемот, според стандардите на Советот на Европа и праксата на Европскиот суд за човекови права, за да може да се води конструктивен дијалог со цел надминување на проблемот на сите нивоа. На ниво на држава е важно да се донесат системски решенија базирани на општествен консензус, за што предуслов е практикување на владеење на правото, смета тој.
УЕФА ќе ја казни С. Македонија поради исвиркувањето на бугарската химна
Фудбалската федерација на Северна Македонија ќе добие санкција од УЕФА за исвиркување на националната химна на Бугарија, изјави извршниот директор на Бугарскиот фудбалски сојуз (БФС) Борислав Попов за БНТ.
Тој го спореди натпреварот со тој на Бугарија против Англија пред три години, кога нашиот источен сосед беше обвинет за расизам.
-На нашиот натпревар свирежите беа многу послаби и делегатот ги опиша. Колегите со кои разговарав и беа на натпреварот со Северна Македонија ми кажаа дека делегатот ги опишал. Не постои начин да се пропушти такво апсолутно неприфатливо, па дури и хулиганско однесување. Пред три години бевме казнети со 10.000 евра, се сеќава Попов.
Б.М.