Стојановски: Со целосна слика по пописот, ќе ни се зголеми и општинскиот буџет за реализација на проекти

229 прегледи

Во своето гостување во „Топ тема“, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски е согласен дека пописот е неопходна статистичка операција во овој момент. Исто така, потенцира на важноста во однос на буџетот кога ќе се има целосна слика во општините за жителите кои живеат во неа.

„Точно, ние треба да знаеме со што располагаме и како понатаму да планираме. Конкретно за општина Илинден, ќе биде од исклучителна важност оваа операција. Така, според последниот попис во нашата општина живееле 15.000 жители, а сега веќе се 20.000 жители. Оттаму, буџетот ќе се зголеми и ќе можат да се реализираат низата проекти. Државниот буџет е распореден така, што висок процент, односно 65% од средствата на општините им се делат токму по однос на бројност на население, додека 27% се предвидени според територијата. Ние моментално, не знаеме колку луѓе се иселуваат од општината, што е исто така важно за локалната власт“, истакна Стојановски.

 

 

Слични содржини