1,1K
Вечерва претседателот на ДИК, Александар Даштевски соопшти дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски има освоено најмногу гласови и со тоа е нов градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров.
– Со 9 215 гласа Александар Стојковски е новиот градоначалник на општина Ѓорче Петров – соопшти Даштевски.
Второпласираниот и актуелен градоначалник Александар Наумоски од СДСМ освои 6.165 глас.
Покрај Ѓорче, во Скопје нови градоначалници уште по првиот круг има и во Аеродром, Бутел, Кисела Вода, Гази Баба и Сарај.