Стојковски: Ако продолжиме самите да го запираме процесот на уставни измени, постои реална опасност ЕУ процесот за нас да замрзне

Дали се затвора вратата за ЕУ? „Замрзнување на европскиот процес отвора реален ризик од губење на политичкиот моментум и натамошна фрустрација кај граѓаните, истото е поврзано со стабилизација на меѓуетничките односи“

од Nikola Popovski
345 прегледи

Посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува силен политички сигнал и дипломатски гест кон Северна Македонија. Тоа што една од првите негови посети беше токму во Скопје, јасно укажува дека европските институции не го занемаруваат проширувањето и дека продолжуваат да го сметаат Западниот Балкан за приоритет во контекстот на безбедноста, стабилноста и стратешката автономија на ЕУ, вели извршниот директор на „Преспа институтот“, Андреја Стојковски за првата посета на Кошта на земјава откако стапи на новата функција во Брисел.

Според него, средбата остави впечаток на одмерен, но исклучително значаен дипломатски ангажман. Наративот на премиерот Мицкоски е јасен и добро познат.

-На држава која не прави многу за одржувањето на втората меѓувладина конференција, ниту за напредувањето кон членството во ЕУ, единствено што и преостанува е да говори за својата определеност кон Европската Унија. Тоа треба да оствари привид кој треба да ги убеди или смири нашите партнери во ЕУ, а да одржува мир и дома. Нагласувањето дека ние имаме граници кои нема да ги минеме, според мене, е порака само за домашни потреби. Од друга страна, претседателот Кошта се обиде да смири или стабилизра говорејќи дека договореното мора да се реализира без дополнителни услови или пролонгирања, оценува Стојковски за целокупната атмосфера при посетата на првиот човек на ЕС.

ЕУ очекува Македонија да го испорача прифатеното од преговарачката рамка и да направи уставни промени за да продолжи напред на евроинтегративниот пат. „Сега треба да го испорачаме она што сме се договориле и веќе нема простор да се бара нешто повеќе“, рече Кошта на заедничкиот прес со Мицкоски. За соговорникот, оваа изјава има повеќеслојно значење. Како што истакнува, таа е потврда за кредибилноста и предвидливоста на ЕУ и проширувањето.

-Од перспектива на ЕУ, тоа значи дека ако Северна Македонија ги исполни обврските што произлегуваат од преговарачката рамка, тогаш продолжуваме понатаму и нема да има нови „ад-хок“ барања. Ова е и индиректна порака до државите членки кои инсистираат на билатерални прашања: дека прагот на компромис е веќе достигнат. Од перспектива на Македонија тоа значи дека уставните измени се услов за натамошен напредок, а проширувањето е приоритет и земјава има можност да пристапи заедно со Албанија и Црна Гора, ако наместо зборови премине кон реални реформи, потенцира Стојковски.

Изјавата на премиерот Мицкоски дека Македонија нема да прифаќа нови отстапки освен ако и другата страна не го направи истото, е погрешна и претставува последица на погрешни избори направени во минатото, а ние се движиме во еден магичен круг на постојано повторување на истите. Реалноста на европските интеграции е дека тие се политички процес, не само технички. Ако продолжиме да го запираме самите процесот на уставни измени или доколку не обезбедиме внатрешен консензус, постои реална опасност процесот за нас да се замрзне, иако формално нема да се прекине. Ова „замрзнување“ отвора реален ризик од губење на политичкиот моментум, и од натамошна фрустрација кај граѓаните, особено младите, да не заборавиме дека истото е поврзано со стабилизација на меѓуетничките односи кои имајќи го предвид напредокот на Албанија стануваат дополнително покревки.

Извршниот директор на „Преспа институтот“ смета дека изјавата на премиерот Мицкоски дека Македонија нема да прифаќа нови отстапки освен ако и другата страна не го направи истото, е погрешна и претставува последица на погрешни избори направени во минатото, а ние се движиме во еден магичен круг на постојано повторување на истите. Стојковски нагласува дека реалноста на европските интеграции е дека тие се политички процес, не само технички.

-Ако продолжиме да го запираме самите процесот на уставни измени или доколку не обезбедиме внатрешен консензус, постои реална опасност процесот за нас да се замрзне, иако формално нема да се прекине. Ова „замрзнување“ отвора реален ризик од губење на политичкиот моментум, и од натамошна фрустрација кај граѓаните, особено младите, да не заборавиме дека истото е поврзано со стабилизација на меѓуетничките односи кои имајќи го предвид напредокот на Албанија стануваат дополнително покревки, заклучува соговорникот.

Процесот на европска интеграција трае многу долго време и сега е време да се постигнат резултати, рече вчера Кошта од Скопје. Според него, Македонија досега завршила многу работа и затоа треба да продолжи по овој пат.

Оваа недела, претседателот на Европскиот совет е на турнеја низ земјите од Западен Балкан, откако веќе ги посети Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Целта на неговата регионална турнеја е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективите на земјите од Западен Балкан за членство во европското семејство.

Н.П.

Слични содржини