Стојковски: Граѓаните кои користат пластика и друг штетен отпад за затоплување, најмногу придонесуваат за загадување на воздухот

од Nikola Popovski
259 прегледи

Во моментов нема поголеми загадувачи кои предизвикуваат загадување на амбиенталниот воздух. „Цементара“ е на 50 отсто од капацитетот, работи со една печка, не користи алтернативни горива. „Макстил“ не работи, изјави денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

Од Инспекторатот за животна средина велат, граѓаните кои користат пластика и друг штетен отпад за затоплување на домовите, најмногу придонесуваат за загадување на воздухот. Да се усвои правилникот за цврсти горива – апелира Стојковски, со него ќе се регулира какви дрва, пелети можат да горат домаќинствата и фирмите.

Контролирани се и ТЕ-ТО и оџакот на печката за медицински отпад во „Дрисла“, како и повеќе капацитети во Струмица, каде што исто така беше надминат прагот на алармирање. Инспекторите на ДИЖС утврдиле дека двете гаражи на ЈСП Скопје во Автокоманда и во Ѓорче Петров веќе две години се затоплуваат на мазут, иако претходно со години користеле гас.

И годинава Инспекторатот за животна средина нема да го надмине проблемот со слабата екипираност. Работат 24 инспектори, половина се пред пензија. Барањето за вработување петмина нови вработени годинава не им било одобрено од Министерството за финансии, а и буџетот за 2024 година, иако барале 44 милиони денари, им е помал дури и од тој за 2023.

Слични содржини