Шведската престолнина има големи шанси да влезе во Гинисовата книга на рекорди, но со антирекорд – за најдолго чекање за купување на дом. Веројатно таму се чека навистина најдолго во светот за купување на стан, пишува весникот “Експрес”.
Според податоците на изданието за купување или изнајмување на куќа во Стокхолм се чека во просек околу 8,4 години, а во особено престижни области …. до 25 години.
Пратеник од шведскиот парламент всушност се ангажирал со задачата градот да го регистрира својот не особено ласкав рекорд. Членот на Народна партија – либерали Роберт Хан има направено барање во Комитетот за регистрација на рекорди и чека евентуален брз одговор.