226
Руските активности во арктичкиот регион претставуваат стратешки предизвик за НАТО и Алијансата мора да го зајакне сојузничкото присуство на Арктикот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на неговата посета на Канада.
„Далечниот север од планетата е сè поважен за НАТО и за Канада, бидејќи гледаме значително зголемување на руската армија на Арктикот, со нови бази, нови системи за оружје“, рече Столтенберг во присуство на канадскиот премиер Џастин Трудо во Колд Лејк.