Столтенберг: Евакуацијата од Кабул е приоритет на НАТО

од Nikola Popovski
263 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги осуди трите самоубиствени бомбашки напади во близина на аеродромот во Кабул како ужасен терористички напад.

Во нападите, чија цел беа очајните Авганистанци кои чекаат евакуација во страв од нови талибански владетели, според властите загинаа најмалку 72 лица, а најмалку 150 беа ранети.

По четирите експлозии, Столтенберг изјави дека приоритет на НАТО „останува евакуација на што е можно повеќе луѓе и што е можно поскоро“.

Неколку западни земји предупредија на можноста за напад на аеродромот во Кабул во последните денови од евакуацијата и ги повикаа луѓето да ја избегнат областа.

Меѓутоа, голем број луѓе кои сакаат да избегаат од Авганистан се оглушија на повикот, бидејќи операцијата за евакуација мора да заврши до 31 август.

Слични содржини