141
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека евентуалниот пад на Бахмут „во наредните денови“ нема да значи пресвртница во војната на Русија против Украина.
Столтенберг пред средбата со министрите за одбрана на земјите членки на Европската унија во Стокхолм изјави дека е неопходно да се продолжи воената поддршка на Украина, пренесе Блумберг.
Командантот на копнените сили на Украина, Олександр Сирски претходно оваа недела ги посети украинските позиции кај Бахмут, а украинскиот министер за одбрана, Алексеј Резников изјави дека една милијарда евра помош од ЕУ, што Украина ќе ја искористи за набавка на муниција и оружје, нема да биде доволно и оцени дека неговата земја има потреба од околу четири пати повеќе пари.