Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Белград и Приштина „да се вклучат позитивно и конструктивно во последната рунда преговори“ утре во Брисел.
„Тоа е можност за Косово да покаже дека е одговорен актер во евроатлантската заедница“, рече тој по средбата со премиерот на Косово, Албин Курти.
Тој повтори дека дијалогот е единствениот начин двете страни да ги решат проблемите.
„За НАТО е важно Белград и Приштина да ги решат своите разлики преку дијалог, да најдат заеднички јазик и да дојдат до решение кое ги почитува правата на сите заедници“, рече тој на прес-конференција во Брисел.
Тој го поздрави тоа што тензиите на северот на Косово се смирија и рече дека е неопходно да се избегне ескалација.
КФОР има околу 3.700 војници на Косово и, додаде тој, продолжува да ја следи ситуацијата.