Столтенберг и Украина имаат ист став – нема отстапување на украинските територии

од Nikola Popovski
284 прегледи

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба изјави дека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг има јасен и ист став како Киев за тоа дека не може да има отстапување на украинските територии.

Претседателот комуницираше со генералниот секретар Столтенберг неколку пати, одржувам многу блиски односи со него и ве уверувам дека ставот на генералниот секретар е апсолутно јасен и потполно ист како ставот на Украина – не може да има трговија на украинските територии, рече Кулеба, пренесува „Интерфакс Украина“.

Според Кулеба, владите на другите земји не ја убедуваат Украина „да предаде територии“, но има „гласови“ на експерти и новинари дека Украина наводно треба да направи отстапки.

Тој изјави дека претседателот Зеленски никогаш нема да седне на преговарачка маса со рускиот претседател Владимир Путин.

Слични содржини