Столтенберг ја пофали Словенија

од Симе Стоиков
258 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги поздрави напорите на Словенија да го зајакне своето присуство во мировната мисија на НАТО на Косово и Метохија.

„Словенија одигра важна улога во стабилизацијата на Западен Балкан во текот на 20 години членство во НАТО,“ изјави Столтенберг на средбата со словенечкиот премиер Роберт Голоб, пренесува СТА.

Голоб рече дека сè уште не е усвоен поконкретен план, „но денеска изразивме подготвеност да придонесеме повеќе, особено за стабилноста на регионот на Западен Балкан“.

На прес-конференцијата што ја одржа со Голоб во седиштето на НАТО, Столтенберг ги пофали и напорите на Словенија за зголемување на трошоците за одбрана и го поздрави планот за зголемување на трошоците за одбрана на 2 отсто од БДП до 2030 година.

Слични содржини