НАТО ја поздравува првата пратка украинско жито од пристаништето Одеса и повикува на целосна имплементација на договорот за извоз на жито, напиша денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на својот Твитер профил.
„Ја поздравувам првата пратка украинско жито од Одеса во согласност со договорот со посредство на ОН. Сојузниците силно и целосно го поддржуваат спроведувањето на овој договор за ублажување на глобалната криза со храна“, напиша Столтенберг на блогот и ѝ се заблагодари на Турција „за клучната улога“ која ја одигра.
Столтенберг изрази уверување дека испораките на жито ќе помогнат да се олесни глобалната криза со храна, обвинувајќи ја Русија за нејзината специјална воена операција за денацификација и демилитаризација на Украина, истакнувајќи дека наметнувањето на западните санкции кон Русија предизвика глобален скок на храна и цените на енергијата.