212
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека рускиот напад врз Украина доведе до најголемата безбедносна криза во Европа од Втората светска војна.
Столтенберг изјави дека Русија намерно ја влошила кризата со храна и енергија, која „погодува милијарди луѓе ширум светот“.
Тој рече дека сојузниците од НАТО ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, воено и финансиски.
„Долгорочно, ќе и помогнеме на Украина да премине од советска на модерна НАТО опрема, да ја подобри интероперабилноста и дополнително да ги зајакне нејзините одбранбени и безбедносни институции“, рече Столтенберг.