137
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска, по состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата во Брисел, изјави дека војниците на КФОР ги поддржуваат напорите на дипломатите на Европската унија да постигнат напредок во дијалогот меѓу Приштина и Белград, со посредство на ЕУ.
„Западен Балкан е регион во Европа каде што Европската Унија и НАТО соработуваат многу тесно. Помогнавме да се стави крај на две брутални војни, прво во Босна и Херцеговина, потоа во Косово. Имаме наше присуство, мисијата КФОР на Косово. Сојузниците се посветени да продолжат да придонесуваат за силите“, рече Столтенберг одговарајќи на прашања на новинари од Западен Балкан.