157
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека украинскиот контранапад против руските трупи е многу ефикасен, но предупреди дека се потребни „долгорочни напори“, бидејќи тоа не го означува почетокот на крајот на војната, пренесува „Ројтерс“.
„Се разбира, исклучително е охрабрувачки да се види дека украинските вооружени сили успеаја да ја вратат територијата и да нападнат зад руските линии“, изјави Столтенберг за Би-Би-Си.
Генералниот секретар на НАТО наведува дека „мора да се подготвиме за долгорочни напори“.