187
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги обвини Кина и Русија дека дејствуваат против меѓународниот поредок и сакаат да напишат нови правила.
„Европа и Северна Америка мора да го бранат поредокот заснован на правила оспорени од авторитарните власти“, рече Столтенберг на виртуелната конференција за безбедност во Минхен.
„Кина и Русија се обидуваат повторно да ги напишат правилата кои ќе бидат во нивен сопствен интерес“, додаде тој.
Поради тоа, НАТО треба да ги продлабочи односите со партнери како Австралија и Јапонија и да создаде нови партнерства низ целиот свет, нагласи Столтенберг.
„Само со заедничко дејствување можеме да ги поттикнеме другите да играат според правилата“, нагласи тој.