Столтенберг: Кина треба да го искористи своето влијание кај Русија

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека Кина треба да го искористи своето влијание за да помогне да се најде мирно решение во Украина.

„Кина не смее да и дава воена или економска помош на Русија“, рече денес Столтенберг на прес-конференција пред медиумите во Брисел.

Шефот на НАТО се осврна и на заканата од биолошко и хемиско оружје.

„Биолошкото оружје може да се прошири во нашите земји. Знаеме дека Русија употреби хемиско оружје против својата опозиција. Така, ова само ја нагласува важноста да се стави крај на оваа војна. Ова е опасна ситуација, затоа воведовме санкции“, рече тој.

„Сојузниците се согласија да обезбедат опрема што ќе и помогне на Украина да се заштити од такви закани“, додаде Столтенберг. Конкретно, станува збор за опрема за откривање, медицински материјали, но и обука.

Слични содржини