Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден пред самитот на Алијансата во Вилнус.
„Соединетите Американски Држави играат незаменлива улога во европската безбедност, вклучително и континуирана поддршка за Украина. Претседателот Бајден го одржува НАТО силен и обединет“, напиша Столтенберг на Твитер.
Тој му се заблагодари на американскиот претседател за неговото „силно лидерство“.