191
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека на Украина ѝ е потребно значително зголемување на вооружувањето во клучен момент од војната и додаде дека таквата поддршка е единствениот начин за мирно решение во преговорите со Русија.
„Претседателот Путин не покажа никакви знаци дека се подготвува за мир, па затоа мора да разбере дека не може да победи на бојното поле“, изјави Столтенберг за „Ројтерс“ во интервјуто на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Тој додаде дека сега е клучен момент во војната и дека има потреба од значително зголемување на поддршката за Украина.