255
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Украина се соочува со тешка зима и потсети на ветувањето на Алијансата дека ќе обезбеди долгорочна поддршка на Киев.
„Ние сме посветени на долгорочно партнерство со Украина. Ќе и помогнеме на Украина да премине од советските стандарди за оружје кон стандардите на НАТО, да спроведе реформи во одбранбениот и безбедносниот сектор, да помогнеме на патот кон закрепнување. Претстојната зима ќе биде тешка. Затоа , мора да воспоставиме долгорочна поддршка за Украина“, рече Столтенберг за време на вториот самит на Кримската платформа, што се одржува онлајн, пренесува РИА Новости.