НАТО ќе го зголеми своето присуство околу границите на Шведска и во Балтичкото Море додека земјата ја разгледува својата апликација за членство во алијансата, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
-Постои „силна посветеност“ на НАТО да ја гарантира безбедноста на Шведска додека се обработува потенцијалната апликација за пристапување во алијансата, изјави Столтенберг за шведскиот јавен сервис SVT.
-Уверен сум дека ќе најдеме решенија за безбедносните потреби што ќе ги има Шведска во преодниот период, додаде тој.
Се очекува овој месец Шведска и Финска да одлучат дали ќе аплицираат за членство во НАТО. Двете земји бараат гаранција за воена заштита за време на процесот на аплицирање, што може да потрае и до една година за да се потврди од сите членки на НАТО.
Шефот на шведската дипломатија Ен Линде вчера изјави дека САД и дале на земјата „безбедносни гаранции“ за периодот на аплицирање, но „не и конкретни безбедносни гаранции“.