Столтенберг: НАТО ја поддржува Украина во самоодбраната

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

На 40-годишнината од пристапувањето на Шпанија во НАТО, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека алијансата ѝ дава клучна поддршка на Украина за да го оствари своето „право на самоодбрана, содржано во Повелбата на ОН“.

Столтенберг во Мадрид изјави дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од сојузничката територија од каква било закана од која било насока, пренесува „Ројтерс“.

„На собирот во Мадрид ќе трасираме пат за следната деценија, ќе ја ресетираме нашата стратегија за одвраќање и одбрана во поопасна глобална средина“, рече генералниот секретар на НАТО.

Слични содржини