Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да спречи војна во Украина

од Vladimir Zorba
52 прегледи

НАТО можеше да стори повеќе за вооружување на Украина во обид да спречи „руска инвазија“ во 2022 година, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг.

„Сега обезбедуваме воен персонал за војна, а порано можевме да обезбедиме воен персонал за да ја спречиме таа војна“, рече Столтенберг во интервјуто објавено денеска од германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Столтенберг укажа на одбивањето на НАТО да обезбеди оружје што Киев го побараl пред „целосна инвазија на Русија“ поради стравувањата, како што наведе, дека тензиите со Русија може да ескалираат, пренесe Ројтерс.

Слични содржини