Столтенберг: НАТО не гледа закана од Русија за ниту една држава – членка

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Во овој момент НАТО не гледа закана од страна на Русија за ниту една од земјите членки на Северноатлантскиот сојуз.

столетенбОва го изјави за весникот “Дагбладет” генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. “Ние не гледаме непосредна закана за ниту една од страните во Алијансата. Важно е да не се драматизира ситуацијата и да не се подигаат тензиите. Треба внимателно да се пристапи кон избор на зборови за да се избегне влошувањето на односите. Столтенберг истакна дека зајакнувањето на одбранбената способност и зголемувањето на воениот потенцијал на НАТО не е во спротивност на дијалогот со Русија. “Контрадикција помеѓу силната одбрана на НАТО и дијалогот со Русија нема. Тоа се прави не со цел да се испровоцира конфликт, туку  да се избегне таков. Нашата цел е да се создаде можност за дијалог, а не  за конфронтација со Русија “, истакна тој.

Коментирајќи изјавата на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер за тоа дека Алијансата не треба да “вжештува ситуацијата со силно ѕвечење на оружје” на источната граница на НАТО, Столтенберг истакна дека Германија доследно е  со Алијансата по прашањето за неговото зајакнување на исток. “Германија е важен сојузник. Таа дала свој придонес во прифатените од нас одлуки и по нив сме имале консензус. Ова се однесува како за заживување на военото присуство на југ, така и на Исток, како и да се прошири опсегот на вежбата, во кое Германија ни помогна “, рече генералниот секретар. / ТАСС