Столтенберг: НАТО не планира да распореди борбени трупи во Украина

од Берта Китинска
323 прегледи

НАТО не планира да испрати војници во Украина доколку Русија изврши инвазија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На прашањето дали би отфрлил евентуално распоредување војници во Украина, Столтенберг рече: „Немаме планови да распоредиме војници на НАТО во Украина. Се фокусираме на давање поддршка”.

„Постои разлика помеѓу тоа да се биде член на НАТО и да се биде силен и исклучително вреден партнер како Украина. Нема сомнеж во тоа”, рече Столтенберг.

Слични содржини