Столтенберг: НАТО нема да отстапи од помошта за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

НАТО ќе продолжи да стои покрај Украина и да помага се додека тоа е неопходно и нема да отстапи од тоа, изјави денеска генералниот секретар на западната воена алијанса, Јенс Столтенберг.

Столтенберг, говорејќи за претстојната конференција на дипломатите на НАТО следната недела во Букурешт, најави дека главна тема и понатаму ќе биде руската агресија врз Украина.

„Ќе се осврнеме на нелегалната војна на Русија во Украина, која продолжува да ги загрозува евроатлантскиот мир и безбедност. Претседателот Владимир Путин доживува неуспех во Украина и тој одговара сè побрутално“, рече Столтенберг.

Слични содржини