193
НАТО размислува за долгорочна воена позиција во Источна Европа за да ја зајакне својата одбрана, изјави денес генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
„Размислуваме долгорочно прилагодување на нашата позиција, присуство, во источниот дел на Алијансата. „За тоа не е донесена официјална одлука, но сега се одвива процес во рамките на НАТО“, изјави Столтенберг пред новинарите во Брисел.
НАТО моментално има војници во ротација во и околу Источна Европа, но тоа воено присуство не е постојано.