Нема смисла да се разговара за тоа како Украина да се приклучи на НАТО ако најпрво не победи во војната, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој додаде дека Украина мора да го направи тоа „како суверена и независна европска нација“, пренесува „Гардијан“.
Столтенберг рече дека очекува Алијансата да се договори за „повеќегодишна програма“ за помош на Украина во нејзиниот обид да се приклучи на НАТО.