Столтенберг: Одвојувањето на два отсто од буџетот да биде долниот праг, а не плафонот

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека на состанокот на земјите-членки на Алијансата се разговарало за зголемување на трошоците за одбрана.

„На самитот во Вилнус очекувам дека сојузниците ќе се договорат за амбициозен нов предлог за зголемени инвестиции во одбраната, така што издвојувањето на 2 отсто од буџетот ќе биде долниот праг, а не плафонот“, рече Столтенберг.

Покрај претставниците на земјите-членки, на состанокот учествуваа и претставници на Европската унија, како и на Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја, се наведува во соопштението на НАТО.

Слични содржини