Столтенберг: Освен ново оружје, на Киев му треба одржување на старите системи

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска најави дека земјите што ја поддржуваат Украина мора да се фокусираат не само на испраќање ново оружје во Киев, туку и на испорака на муниција за постарите системи и помагање во нивното одржување.

„Ние, исто така, треба да бидеме свесни дека покрај новите системи, мораме да се фокусираме и на обезбедување дека сите платформи кои веќе постојат можат да функционираат правилно“, изјави Столтенберг за Ројтерс на маргините на состанокот на министрите за одбрана посветен на вооружувањето на Украина.

Лидерите на НАТО и претставници од околу 50 земји денеска се сретнаа во воздухопловната база Рамштајн, на последниот од серијата состаноци на кои се договорени пакети со вооружена помош за Киев.

Американското Министерство за одбрана денеска објави нов пакет помош за Киев во вредност од околу 2,5 милијарди долари, во кој ќе бидат вклучени оклопни борбени возила од типот „Бредли“ и оклопни борбени возила од типот „Страјкер“.

Сепак, главниот фокус на состанокот е дали Германија ќе испрати борбени тенкови од типот „Леопард“ во Украина или барем ќе одобри нивно пренесување од трети земји, наведува британската агенција.

Слични содржини